Барселона најде ново засилување, но проблем се - парите!

Шпанскиот шампион Барселона активно бара нови засилувања за следната сезона, а едно од нив треба да биде Нико Вилијамс, додека претседателот Жоан Лапорта пронајде уште едно во Интер.

Думфрис има откупна клаузула од 25 милиони евра, а Барселона планира да ја активира, меѓутоа повторно каталонскиот гигант има проблеми со пари.

Барселона засега не може да ги собере парите за Думфрис, чија клаузула важи до средината на јули, а Лапорта постојано бара спонзори кои може да ги финансираат трансферите.