Вардар ги пушти во продажба билетите за мечот против Ла Фиорита!

По пауза од седум години црвено-црните се вратија на европската сцена, а првиот натпревар ќе го одиграат на 10. јули кога на Градски ја пречекуваа Ла Фиорита во меч од првото квалификациско коло во Конференциската лига.

Клубот ги пушти во продажба влезниците за мечот против Ла Фиорита, се продаваат билети за јужната и западната трибина. За Југ чинат 300 денари, за Запад цената е 100 денари.

Билетите се продаваат преку „МКТикетс“, можете да ги купите на овој ЛИНК.

Натпреварот меѓу Вардар и Ла Фиорита се игра на 10. јули со почеток од 20:30 часот.