
Работнички се засили со поранешен младински репрезентативец!
Станув збор за 21-годишниот бек Филип Наков кој во Работнички се сели по една сезона помината во Вардар.
Наков е поранешен младински репрезентативец на Македонија и член на У20 селекцијата која во 2023 го освои сребрениот медал на Европското првенство Б-дивизија што се одржа во Скопје.
Во изминатата сезона во дресот на Вардар, одигра 25 натпревари во Првата лига со просек од 8,8 поени, 5,2 скока и 3,2 асистенции и индекс 10,2.