Тијаго Силва е вистински лидер, среде натпревар ја промени тактиката на Флуминенсе против Интер! (ВИДЕО)

Тијаго Силва во септември ќе наполни 41 година, но уште игра во фантастична форма, а неговите лидерски способности се нешто што го разликува од многу други дефанзивци.

Бразилецот беше вистински лидер уште додека беше во Милан, таков беше и во ПСЖ и Челси, а сега во Флуминенсе е главен.

Тијаго Силва е еден од најдобрите на теренот на Флуминенсе, на четири натпревари досега на Светското клупско првенство неговиот тим прими само два гола и тоа во меч кој го добија со 4-2 против Улсан. Ја сочуваа мрежата против Борусија Дортмунд, Мамлоди и Интер.

Победата над Интер од 2-0 беше импресивна, а Тијаго Силва не само што командуваше на теренот, туку тој во еден момент ја промени и тактиката.

Се случи тоа за време на паузата за вода која ја има на мечевите поради топлото време. Тијаго Силва му кажа на тренерот како и зошто треба да ја променат формацијата и тоа се случи.