Бејл не се откажува – сака да стане сопственик на својот омилен клуб!

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Тотнем е одлучен во намерата да стане сопственикот на неговиот омилен клуб.

Екипата на Кардиф и понатаму е во сопственост на Винсент Тан, но тој сака да го продаде клубот. Кардиф испадна во третиот ранг на натпреваување и сака брзо да се врати, а Герет Бејл би може да биде човекот кој ќе помогне.

Легендарниот Велшанец е на чело на конзорциум кој сака да го преземе управувањето со Кардиф и понудата која се подготвени да ја испратат изнесува 46 милиони евра.

„Заинтересирани сме да го купиме Кардиф. Тоа е мој клуб, клубо д местото каде што растев и мојот вујко (Крис Пајк) во минатото играше за нив“, изјави Бејл.

Бејл својата кариера ја заврши во 2023 година и од тој момент се посвети на бизнисот.

Фото: Wales/X