
Барселона ќе ангажира уште еден слободен фудбалер од Лондон!?
Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона сака да ги засили своите редови со искусен фудбалер, а Парти нема ништо против идејата да се пресели во Каталонија.
Парти во лето полни 32 години, а во Арсенал игра од 2020 година кога пристигна за 50 милиони евра од Атлетико Мадрид.
Барселона и претходно ангажираше слободни агенти од Лондон, а еден од примерите е Андреас Кристенсен од Челси.