Барселона ѝ зададе смртоносен удар на Европската Суперлига!
По политичките притисоци, прво се повлекоа Англичаните, па Италијанците, па Германците и Французите и на крајот останаа само Реал и Барселона. Од денеска, мадридскиот тим е осамен со оваа идеја бидејќи претседателот Флорентино Перез беше носител на проектот.
„Фудбалскиот клуб Барселона информира дека денеска формално испрати известување дека се повлекува од проектот на Европската Суперлига“, кратко објави Барселона.
Вакво нешто беше најавено, но денеска каталонскиот клуб официјално ја потврди својата одлука, без притоа да објаснува кои се причините за повлекувањето.