Барселона го спаси Лопетеги – следува најлошата сезона во Ла Лига?!

Шпанското првенство не почна најдобро за најголемите кандидати за титулата, Барселона и Реал Мадрид, па се појави една интересна статистика во шпанските медиуми, кои пишуваат дека ќе ја гледаме најлошата сезона во Ла Лига во деценијата.

Барселона во моментов е најлошиот лидер во последните 25 години бидејќи имаат 14 бодови, а последен пат тоа се случи токму пред 25 години.

Доколку продолжат со ваков ритам за шампионската титула би биле доволни 76 бодови, а тоа се нема случено одамна, но овие податоци му одат во прилог на тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги.

Ако Барселона успееше да победи на последните три натпревари, тогаш ситуацијата ќе беше поинаква и притисокот ќе беше огромен врз тренерот на „кралевите“.

Ниту Атлетико Мадрид во моментов не е најдобар, па има три бода помалку отколку минатата сезона кога почнаа со лошите резултати.

Во далечната 1993. година Барселона беше шампион пред Реал Мадрид со 58 бодови, но триумфот вредеше два бодови, па по денешен систем би имале 83 бода.

Доколку се вратиме на почетокот на оваа деценија, Барселона во 2010. година ја освои титулата со 99 бодови, па следната со 96, а Реал го освои трофејот со дури 100 бодови, па тој рекорд го израмни Барселона во наредната година.

Атлетико беше најдобар во 2014. година со 90, а потоа Барселона и Реал имаа од 91 до 94 бодови.

Сепак, овој шампионат изгледа поинаку, па ќе видиме дали ќе ја вратат победничката форма и ќе гледаме поквалитетна Ла Лига, отколку што се очекува по овие неколку одиграни кола.