Барселона го одби барањето на Реал, сега останува само едно решение

Шпанските медиуми објавија дека Ла Лига и Реал Мадрид побарале од Барселона да го промени датумот на одржување на првото „Ел Класико“ сезонава.

Имено, според распоредот на шпанскиот шампионат, првото „Ел Класико“ сезонава ќе се игра на 26. октомври со почеток во 13 часот на „Камп Ноу“, но Ла Лига изјави дека сака да направи промена, па првиот меч да се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.

Ова е заради ситуацијата во Барселона, каде со денови се протестира околу пресудата против каталонските политичари. Ла Лига смета дека не е безбедно за првото „Ел Класико“ да игра во Барселона и тие сакаат тоа да биде во Мадрид.

Сепак, „Мундо Депортиво“ известува дека луѓето во Барселона јасно ставиле до знаење дека одбиваат таква можност и дека сакаат натпреварот да се одигра на нивниот стадион. Реал Мадрид е отворен за сите опции и порача дека се подготвени да го променат датумот на овој меч, но не и домаќинството.

Сепак, челниците на Ла Лига можат да се надеваат дека ситуацијата на улиците на Барселона ќе се смири во наредните денови и дека ќе ги има сите неоходни услови овој меч да се одигра на еден од најголемите стадиони во светот.

Доколку тоа не се случи, јасно е дека Барса нема да се согласи на промена на стадинот, а единствено решение е да се одложи мечот и истиот да се одигра кога ќе има слободно време за двата клуба.