Барса се откажа од Рашфорд, но се појави нов заинтересиран клуб за напаѓачот
„Каталонците“ не можат да си ја дозволат високата плата на англискиот репрезентативец, а и неговата форма не е на задоволително ниво ако се знае дека не играл официјален натпревар од декември. Сепак, во финишот од преодниот рок, за Рашфорд се појави заинтересиран клуб кој сака да го донесе на позајмица до крајот на сезоната.
Станува збор за Астон Вила која остана без Џон Дуран откако тој се пресели во Ал Наср. На Рашфорд инсистира менаџерот на клубот од Бирмингем, Унаи Емери кој е негов голем фан и смета дека може да помогне во вториот дел од сезоната. Покрај Рафорд, во конкуренција за засилувања во нападот се уште Жоао Феликс и Марко Асенсио.