
Мурињо е „откачен“: Се преправаше дека спие затоа што предолго му поставуваа прашање (ВИДЕО)
Турскиот тим одигра добар натпревар, имаше 64% посед на топка и 23 шута, но не ги искористи своите шанси, за разлика од противникот кој на својот стадион треба само да го запечи местото меѓу осумте најдобри. На прес-конференцијата по мечот имаше голем број новинари, но шоуто повторно го украде тренерот на Фенер, Жозе Мурињо.
Еден од новинарите се обиде да му постави прашање, но имаше многу долг вовед, а требаше и да се преведе бидејќи беше поставено на турски јазик, па Мурињо по 20. секунда се преправаше дека спие.