Србинот не губи двапати по ред: Јокиќ брутално му се одмазди на лидерот на Запад (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс триумфираа во синоќешната шресметка против Оклахома Сити тандер (140-128) што е своевиден реванш за поразот од пред само два дена од истиот ривал.

Натпреварот беше неизвесен до последната четвртина, но поранешниот шампион во завршницата ја презеде контролата и дојде до значаен триумф. Клучниот момент се случи во последните 12 минути, кои Денвер ги доби со 39-28, а тројките на Вестбрук и Вотсон му обезбедија недостижна предност од 125-111. Никола Јокиќ беше најзаслужен за победата со 35 поени, 18 скока и 8 асистенции, додека Џамал Мареј постигна 34 поени. Портер додаде 17, а Вестбрук и Вотсон по 16 поени. Со овој триумф, Денвер ја зголеми предноста пред ЛА Лејкерс во битката за второто место на Западот.

Од друга страна, Оклахома, иако го контролираше натпреварот до третата четвртина, не успеа да го одбрани водството. Најефикасен беше Дорт со 26 поени, а Шеј Гилџес Александер, кој беше далеку од своето најдобро издание, реализираше 25 поени со скромен учинок од поле. Сепак, Тандер останува лидер на Западот со скор 53-12, со огромни шанси да го задржи првото место до крајот на регуларната сезона со оглед на предноста со 11 победи во однос на Денвер и Лејкерс.

РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Филаделфија 132-123, Бостон – Јута 114-108, Бруклин – ЛА Лејкерс 111-108, Мајами – Шарлот 102-105, Торонто – Вашингтон 119-104, Чикаго – Индијана 121-103, Хјустон – Орландо 97-84, Мемфис – Феникс 120-118, Оклахома – Денвер 127-140, Сан Антонио – Далас 129-133, Голден Стејт – Портланд 130-120, Сакраменто – Њујорк 104-133.