Карагер удри по навивачите на Евертон: Некој се бори за живот, а вие му свирите!

Вчера во Премиер лигата, во центарот на вниманието беше повредата на голманот на Челси, Емилијано Мартинез, а Џејми Карагер упати остри критики кон навивачите на Евертон.

Мартинез остана да лежи ан теренот по судирот со двајца играчи на Евертон. Долго му беше укажувана медицинска помош, по што аргентинскиот голман беше изнесен на носилки. Чаби Алонсо по натпреварот изјави дека Мартинез бил свесен кога бил пренесен во болница на дополнителни прегледи, но не можеше да открие повеќе детали.

Џејми Карагер беше многу лут поради фактот што навивачите на Евертон му свиркаа на Мартинез додека лежеше на теренот.

„Треба да се срамат од себе. Ова е навистина грд гест. Каде ви е човечноста?“, изјави Карагер.

„Без оглед на ривалството, ова едноставно нема никаква смисла. Никогаш во животот не сум видел толку бесрамно однесување од навивачите. Не можам да ги разберам свирежите упатени кон човек кој е сериозно повреден и не се движи“, додаде тој. Лежи пред вас, се бори за живот, а вие му свирите? Неразбирливо“, заклучи Карагер.