Илиоски го уништи Мароканецот Латифи уште во првата рунда! (ВИДЕО)

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски славеше против Мароканецот Ајмане Латифи со технички нокаут на „Глори 110“ во Антверпен.

Илиоски доминираше во рингот и испрати голем број силни и прецизни удари во главата на противникот, а по три нок-дауни конечно стигна до победата уште во првата рунда.

Латифи важеше за фаворит пред пресметката со Илиоски, но Македонецот блесна во рингот и го покажа својот квалитет.

Фото: Instagram/bobancoo