„Чиста мрежа“ за Димитриевски, Валенсија освои бод против Атлетик Билбао
Првото полувреме помина израмнето, односно двете екипи имаа по седум шанси, при што само еден удар заврши во рамки на голот на Димитриевски, меѓутоа Македонецот запиша одбрана.
Валенсија ја презема иницијативата во вториот дел и често се закануваше кон голот на гостите, но ниту една од деветте шанси не ги претвори во гол.
По девет одиграни кола, Валенсија е на 19. позиција во Ла Лига со шест бодови, додека Атлетик Билбао има девет поени и се наоѓа на деветтото место.
Фото: Facebook/Valencia C.F