Гвардиола сака да купи еден од најважните фудбалери на Анчелоти

Пеп Гвардиола е подготвен за голема реконструкција идното лето во Манчестер сити, а новинарот Флоријан Плетенбург тврди дека тој сака да ангажира еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид.

„Граѓаните“ наводно планираат да испратат понуда за Едуардо Камавинга, кој е незаменлив во тимот на Карло Анчелоти.

Камавинга има договор со „кралевите“ до 2029 година и важна улога во тимот на италијанскиот стратег, а и самиот кажа дека сака да остане во Мадрид, но дефинитивно ќе ја разгледа понудата од премиерлигашот.

Гигантот од „Итихад“ не планира да штеди пари следното лето, па се очекува да испрати понуда вредна над 80 милиони евра за францускиот репрезентативец.