
Флик на слатки маки, Тер Штеген ќе биде подготвен за четвртфиналето од ЛШ!
Рехабилитацијата на Тер Штеген се одвива добро и тој наскоро ќе биде подготвен за враќање на теренот. Според „Спорт“ тој треба да биде фит за четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Во меѓувреме Војчех Шчесни влезе во одлична форма која кулминираше со фантастична партија против Бенфика во Лисабон.
Ќе биде интересно да се види дали Тер Штеген ќе се врати како прв голман или Флик ќе се одлучи да продолжи со Шчесни.