Голманската иднина на Македонија дебитираше за Пелистер (ФОТО)

20-годишниот Давид Брестовац, еден од нашите најдобри млади голмани, денеска го имаше своето деби за првиот тим на Пелистер.

Давид, синот на поранешниот македонски селектор Данило Брестовац кој исто така беше голман, денеска ги одигра првите минути за најдобриот тим на Пелистер.

Тоа се случи на мечот меѓу Пелистер и Бутел кој битолскиот тим го доби со 34-25.

Младиот Брестовац влезе на местото од Никола Митревски и го запиша првиот настап за Пелистер.