
Алкараз лесно до третото коло на Индијан Велс
Вториот носител и прв фаовирт на турнирот во Калифорнија славеше над Французинот Квентис Алис со 2-0 во сетови.
Алис кој 59-ти тенисер во светот немаше многу шанси против големиот фаворит кој првиот сет го доби со 6-4, а во вториот на противникот му дозволи само два гема (6-2). Мечот се играше еден час и девет минути.
Во следното коло Алкараз ќе игра против Денис Шаповалов кој денес го совлада Адам Волтон со 2-0 во сетови.