Барса се обидува да го украде Рафиња, ама Лидс не прифаќа – веќе подале рака со Челси!

Шпанска Барселона вечерва има последен обид да го „украде“ Бразилецот Рафиња од Лидс, откако веќе сѐ е договорено за трансфер на овој офанзивен фудбалер во лондонски Челси, но бивпиот клуб на Езџјан Алиоски според последните информации не ја прифаќа понудата од Каталонија.

Барса е ептен загреана за Рафиња, па вечерва испратила конкретна понуда на „Иланд роуд“ за трансфер, но според Фабрицио Романо сѐ е залудно, зашто Лидс нема интенција да го продава својот највреден фудбалер во Каталонија, од причина што веќе си подале рака со Челси за трансфер вреден 60 милиону фунти.

Според Романо, Лидс сака да го испочитува договорот со Челси и сега се чека само на конечно „да“ на Рафиња и менаџерот Деко за да се реализира трансферот. Првичните информации вчера беа дека Рафиња начелно ги прифатил личните услови и петгодишниот договор до 2027 година.

Барселона сега може само да се надева Бразилецот и Деко да го урнат трансферот со одбивање на понудата на Челси, па да ја вратат работата на почеток, по што Лидс за продажба ќе мора да ја разгледа добро понудата од Каталонија.