Барса крева раце од капитенот: Чави го „избриша“ Пике!
Причина за ваквата одлука се честите повреди на дефанзивецот, но и проблемите што ги има надвор од теренот. Поради лудиот ноќен живот и забавите до раните утрински часови, пред официјален крај е бракот на Пике со пејачката Шакира, а можеби и неговата кариера во Барса.
Пике, според новинарите од Пиринеите, засега не размислува за заминување од „Камп Ноу“, бидејќи сака да му покаже на Чави дека има квалитет да биде стартер и дека може да се носи со било кое засилување кое ќе пристигне. Истовремено, бил подготвен да прифати значително помала плата за да не биде толем товар на клубот.