Тука е крајот: Холандија го испрати Надал во пензија

Дејвис куп репрезентацијата на Шпанија доживеа елиминација во четвртфиналето од турнирот во Малага, а со тоа официјално заврши блескавата кариера на Рафаел Надал.

Легендарниот Шпанец најави дека овој турнир ќе биде негов последен, а на крајот излезе дека одигра само еден меч и тој го загуби. Шпанија загуби од Холандија со 1-2, Надал го играше првиот меч и го загуби од Ботик ван де Зандшлуп со 0-2 (4-6, 4-6), Алкараз израмни против Талон Грикспор, но во двојки со Гранољерс загуби од Кулхоф и Ван де Заншлуп и тоа беше крај за Шпанија и Надал.

Кариерата на Надал траеше од 2002 до 2024 година, во овој период освои 92 трофеја од кои 22 Гренд слема, плус 36 на Мастерсите, 23 на турнирите од Серија 500, 10 на турнирите од Серија 250 и едно олимписко злато. На првото место на АТП листата помина 209 недали, најтрофеен играч е на Ролан Гарос со 14 титули, како и во Монте Карло, Рим и Мадрид. Единствени турнири кои не успеа да ги освои се Мастерсите во Мајами и Париз и завршниот во сезоната.