Познати сите шешири: Македонија во битката за СП може да добие балканска група! (ФОТО)

Со завршувањето на циклусот во Лигата на Нации познати се сите шешири во квалификаиите за Светското првенство во 2026 година.

Македонија со добрите настапи и петте победи во шест натпревари со едно реми во групата со Летонија, Ерменија и Фарски Острови напредуваше и стигна до третиот шешир.

Во третиот шешир со Македонија се уште селекциите на: Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Израел, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ова значи дека со овие селекции не може да играме во иста група.

Од првиот шешир каде што се најсилните селекции на „хартија“ најпосакуван противник е Данска, квалитетен исто така е вториот шешир каде што се селекции како Норвешка, Турција, Србија...

Четвриот и петтиот шешир се репрезентации кои се послабо рангирани, па така во тие дуели и ние би ја имале фаворитската улога. Кога ќе се погледнат шеширите можна е и балканска група со Хрватска, Србија, Македонија, Косово и еден член од аутсајдерите од последниот петти шешир.

Ждрепката за групите е закажана за 13 декември во Цирих.