Барнли е првиот тим кој му откина бодови на Ливерпул на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул одигра само 1-1 на домашен терен против Барнли во натпревар од 35. коло во Премиер лигата и со тоа го запиша првоот реми на домашен терен сезонава.

Новиот шампион на Англија поведе во 34. минута преку левиот бек Ендрју Робертсон, а израмнувањето дојде во 69. минута со голот на Џеј Родригез.

Ливерпул од претходно ја обезбеди титулата во Премиер лигата, прва по пауза од три децении, додека Барнли останува во игра за пласман во Лигата на Европа и моментно е деветото место со 50 бодови, со еден бод помалку од Шефилд Јунајтед и два од Вулверхемптон, тимови кои се наоѓаат на местата кои нудат излез во европските натпреварувања.