Бакајоко заборави кој број на дресот носи во Монако (ВИДЕО)

Тимуе Бакајоко сезонава повторно игра за Монако по две години минати во Челси и Милан. На синоќешниот натпревар против Амиен, фудбалерот од средниот ред тотално заборави кој број на дресот го носи.

Четвртиот судија на таблата имаше број 14, а Бакајоко почна да оди кон средината од теренот за да ја напушти играта. Французинот заборави дека всушност сезонава игра со бројот шест на дресот. 

Бакајоко најголем дел од својата кариера игра со бројот 14, но сезонава во Монако овој број го носи Кеита.