Баерн Минхен со 30 милиони евра ќе му купи нов дефанзивец на Компани!

Баерн Минхен ќе го ангажира дефанзивецот Хироки Ито од Штутгарт за сума од 30 милиони евра, колку што е неговата откупна клаузула.

Винсент Компани ќе добие ново засилување, „Билд“ објавува дека Баерн работи на ангажман на Хироки Ито и тој сигурно ќе се пресели на Алијанц арената.

Баерн ќе ја активира откупната клаузула која Ито ја има во договорот со Штутгарт и изнесува 30 милиони евра.

25-годишниот јапонски дефанзивец е во финална фаза од преговорите и за личните услови.