Баерн Минхен му постави ултиматум на „предавникот“ Дејвис!

Германскиот шампион Баерн Минхен побара од Алфонсо Дејвис до крајот на следната недела да им потврди дали ќе потпише нов договор или ќе замине од клубот.

Дејвис веќе некое време преговара со Баерн за нова соработка, но двете страни се далеку од договор и сè појасно е дека 23-годишниот дефанзивец ќе замине во летниот преоден рок.

Раководството на бундеслигашот му постави ултиматум на Дејвис, па сега останува на Канаѓанецот дали ќе стави потпис на договор до 2029 година, според кој ќе добива плата од 14 милиони евра по сезона.

Канадскиот репрезентативец бара плата од 20 милиони евра и најверојатно нема да прифати да остане во Минхен, а како негова следна дестинација се споменува Реал Мадрид.