
Баерн Минхен го демолира Франкфурт на стартот на сезоната (ВИДЕО)
Џошуа Кимих во петтата минута ја најави големата победа со гол од слободен удар, по што Бенџамин Павар погоди за 2-0.
Мане потоа го постигна првиот гол во Бундеслигата, односно трет за Баерн на мечот, додека Џамал Мусиала стрелаше за 4-0, а Серж Гнабри за 5-0 во првото полувреме.
Франкфурт во продолжение погоди за 1-5 преку Коло Муани, а конечните 6-1 ги постави Мусиала со неговиот втор гол вечерва.