Баерн Минхен гази кон нова титула: Баварците ја уништија Фортуна (ВИДЕО)

Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен безмилосно ја прегази Фортуна Диселдорф за да го продолжи спринтот кон нова шампионска титула, па денеска со 5-0 славеше на својата „Алијанц Арена“ за да избега барем привремено на 10 бода со меч повеќе во однос на Борусија Дортмунд во 29-то коло во Бундеслигата.

Баерн за едно полувреме ја заврши работата за да стигне до победата, па на гостите од Диселдорф им даде три гола во првите 45 минути и сè почна со автоголот на Јоргенсен во 15-та, а продолжи со гол на Бенжамин Павар и на Роберт Левандовски, кој во вториот дел погоди уште еднаш, а Алфонсо Дејвис ја завери „петардата“ во воведните седум минути од стартот на вториот дел.

Баерн со победата сега има 67 бода, Борусија Дортмунд е на 57 со меч помалку, а до крајот има уште пет кола. Ако „милионерите“ победат утре во мечот со Падерборн на гости ќе дојдат на седум бода, но на Баварците ќе им требаат три победи за математички да ја осигураат победата, а до крајот играт со Баер Леверкузен (гости), Борусија Менхенгладбах (дома), Вердер (гости), Фрајбург (дома) и Волфсбург (гости)