Баерн и Борусија се договорија: Хумелс се враќа во Дортмунд

Борусија Дормтунд ќе му плати 20 милиони евра плус бонуси на Баерн Минхен за да го врати Матс Хумелс во своите редови. 

Дефанзивецот нема намера да седи на клупата на „баварците“ следната сезона, па побара да се врати назат на „Сигнал Идуна“. Германскиот репрезентативец прифатил и да зараборува помала плата за повеќе од два милиони евра.

Моментално во Минхен заработува 12 милиони евра годишно, додека сега во Дортмунд ќе има плата од под 10 милиони евра. По три сезони во Баерн, Хумелс се враќа во тимот каде ја стекна својата најголема слава.