
Баер Леверкузен експресно најде нов тренер – избрканиот од Манчестер Јунајтед!
Тој доаѓа од англискиот гигант Манчестер Јунајтед, со кој освои два трофеи — Лига купот во 2023 и ФА купот во 2024 година. Претходно, со Ајакс Амстердам освои шест титули, меѓу кои три шампионски титули и два национални купа, доминирајќи во холандскиот фудбал од 2018 до 2022 година.
„Со Ерик добиваме искусен тренер со импресивни спортски успеси. Неговата визија за фудбалот се совпаѓа со нашата – технички прецизен и доминантен стил на игра. Нашата цел е да бидеме конкурентни во Бундеслигата, ДФБ Купот и Лигата на шампионите“, изјави спортскиот директор на Баер, Симон Ролфес
И самиот Тен Хаг изрази задоволство од новиот предизвик.
„Баер Леверкузен е еден од најдобрите клубови во Германија и е дел од европската елита. Условите се одлични, а разговорите со клубот беа многу позитивни. Доаѓам во Леверкузен со цел да ги потврдам амбициите што клубот ги гради во последните години и да развиеме конкурентен тим во фаза на трансформација“, изјави Холанѓанецот.
Ова е прва тренерска работа за Тен Хаг по отказот што го доби од „црвените ѓаволи“ кон крајот на минатата година.