Азар ги откри амбициите на Челси и ги израдува навивачите!

Челси денеска запиша нов триумф во Премиерлигата, откако го совлада Брајтон со 2-1 и ја продолжи битката за позиција меѓу најдобрите четири.

Еден Азар имаше фантастичен натпревар денеска, откако постигна еден гол и една асистенција, а по мечот кажа какви се амбициите на клубот за сезонава.

„Ние сакаме да ја освоиме Премиерлигата на крајот на сезоната. Знам дека Манчестер сити и Ливерпул се добри тимови, но ние сме со нив и не сакам разликата да биде поголема од таа што е во моментов. Ние сакаме да бидеме најдобриот тим во Англија“, кажа Азар.

Белгиецот со оваа изјава ги израдува навивачите, кои сметаат дека борбата за топ 4 е најреална во моментов.