Атлетико Мадрид никому не простува – потопена и „жолтата подморница“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид продолжуваат со одличните игри во Ла Лига, откако вечерва, како гости, го совладаа секогаш незгодниот тим на Вилјареал (2-0).

Алфонсо Педраза во 25. минута го отвори резултатот со погодок во сопствената мрежа, додека точка на триумфот стави Жоао Феликс во 69. минута, откако влезе во игра на стартот од второто полувреме.

„Јорганџиите“ со оваа победа се рехабилитираа од неочекуваниот пораз од Леванте на домашен терен и се „одлепија“ на плус пет бодови од Барселона, која има и натпревар повеќе, а во пресрет на утрешното дерби на Реал Мадрид, кој е трет со 52 бода, против Реал Сосиедад.