
Аталанта со цел плен се враќа од Кремона (ВИДЕО)
Тимот на Гасперини успеа да ги освои трите бода од гостувањето кај Кремонезе и да ја продолжи битката за топ четири.
Резултатот беше отворен пред самиот крај на првото полувреме кога Де Рон донесе водство за Аталанта од 1-0.
По десет минути игра во вториот дел Киофани од пенал го изедначи резултатот на 1-1.
Во 73. минута Бога ја врати предноста за Аталанта, а во третата минута од судиското продолжение Лукман ги постави конечните 1-3.