Аталанта го надигра Наполи: Елмас не доби шанса од Гатузо (ВИДЕО)

Аталанта продолжува со одличните игри во Серија А и вечерва го совлада Наполи со 2-0 во дербито на 29.коло.

Тимот од Бергамо е во серија од седум победи по ред во шампионатот што е рекорд во нивната клупска историја во Серија А.

Ако првиот дел заврши без голови, Аталанта до победата дојде со два брзи гола. Прво Марио Пашалиќ во 47-та минута стрелаше прецизно со глава во голот непречен од никого. Во 56-тата минута Робин Госенс ги постави конечните 2-0.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не доби шанса од тренерот Џенаро Гатузо на овој натпревар.

Со оваа победа Аталанта останува на четвртата позиција на табелата со 60 бодови, додека Наполи е шести со 45 бодови.