Ашковски со петти сезонски погодок за Ботошани (ВИДЕО)

Стефан Ашковски игра одлично сезонава во романскиот шампионат, а денеска го постигна својот петти погодок во сезоната и тоа против шампионот Клуж. 

Нашиот интернационалец ја најави победата од 2-1 на Ботошани со првиот погодок во 14-тата минута.