Арсенал постигна три гола за девет минути, црната серија наскоро ќе биде прекината! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал за девет минути му дадоа три гола на Вест Хем и успеаја да го светат резултатот во своја корист.

На последниот меч од 16. коло во Премиер лигата, „Топчиите“ се близу до победа на гостувањето кај Вест Хем, а со евентуален тирумф би ја прекинале црната серија од седум меча без триумф.

Иако домаќините поведоа во 38. минута преку Огбона, сепак Арсенал во вторито дел успеа да го сврти резултатот со головите на Мартинели (60. минута), Пепе (66‘) и Обамејанг (69‘).