Арсенал му понуди висока плата на Обамејанг 

Екипата на Арсенал по секоја цена се обидува да го задржи напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг. „Топчиите“ моментно се во преговори со него за нов договор.

Лондонскиот клуб му нуди на 30-годишниот Габонец договор до 2023 година со плата од 12 милиони евра по сезона, објави на Твитер, новинарот Никола Скира. Сегашниот договор на играчот со „Топчиите“ истекува летото 2021 година.

Во сезоната 2019/20, Обамејанг има 20 голови и една асистенција на 32 натпревара за Арсенал. Според моменталната вредност на трансфер-маркетот, Габонецот е проценет на 50.4 милиони фунти.