Арсенал ќе мора да го трпи и да го плаќа Озил уште една година

Германската ѕвезда со турско потекло Месут Озил планира да си замине од Арсенал, ама кога ќе му заврши договорот и ќе биде слободен играч, што значи дека на „Емирати“ ќе мора да го трпат и да го плаќаат (пре)скапиот фудбалер за врска уште една цела година.

Озил, според информации на англиските медиуми, веќе им се доверил на соиграчите дека од Арсенал планира да продолжи да игра фудбал во САД или во Турција, но трансфер ќе биде можен откако ќе го испочитува договорот со „топчиите“ за уште една сезона, што значи додека не си земе уште една годишна плата, која Арсенал го чини 350.000 фунти неделно.

Арсенал се надеваше дека летово ќе се ослободи од прескапата ѕвезда и со тоа ќе отвори голем простор во својот буџет, ама сега плановите им се рушат околу реконструкцијата што Микел Артета ја планираше, а е поврзана со буџетот на клубот, посебно во тежок период како актуелниот поради кризата со коронавирусот. Озил нема играно за Арсенал цел месес, а Артета на последните три меча воопшто не го повика да биде во комбинација.

Германецот, кој беше на жесток удар поради блиските односи со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, од поодамна се поврзува со трансфер во Турција, а потоа и МЛС-лигаши беа заинтересирани, но обесштетувањето за него е преголемо за да го ангажираат во моментов.с