
Арсенал драстично ослабен - без петмина на гости кај Атлетик
Покрај Габриел Жезус, Каи Хаверц, Букајо Сака и Бен Вајт кои се долго време надвор од тимот, за Баскија не отпатува ни капитенот Мартин Одегард. Тој излезе по само 17 минути игра на дуелот против Нотингем Форест во текот на викендот кога го повреди рамото.
Со дуелот меѓу Атлетик и Арсенак, денеска од 18:45 часот почнува новото издание на Лигата на шампионите.