Невидена вртелешка во Будуќност - за три месеци, четири тренери

Црногорскиот шампион Будуќност денеска најверојатно ќе добие нов тренер, ако членовите на Управниот одбор го изгласаат на закажанат седница.

Тука можеби нема ништо интересно ако не се знае дека тој би бил дури четврти тренер оваа сезона која за подгоричкиот тим трае околу три месеци, вклучувајќи ги и подготовките. Нив ги почна Иван Брновиќ кој минатата кампања ја освои титулата во Црна Гора, него го наследи Ненад Лалатовиќ на 26 јуни и тој траеше до средината на август, а тимот го водеше на вкупно четири меча на кои не успеа да оствари победа.

По неговото заминување, екипата ја презеде Иван Делиќ кој вчера поднесе оставка на тренерската функција и сега Будуќност повторно е без тренер. Најголем фаворит за оваа позиција е Дејан Вукичевиќ, а конкуренција му се Ненад Брновиќ и Александар Недовиќ.