
Аморим може да избега од Јунајтед и да се врати во Португалија, но не во Спортинг
На 25 октомври Бенфика ќе има избори за нов претседател, а главниот фаворит за функцијата Жоао Нороња Лопез на навивачите им вети дека ќе го донесе токму Рубен Аморим на тренерската позиција. За разлика од Англија, Аморим е исклучително почитуван во својата татковина каде освои две шампионски титули со Спортинг, а има и пехар од Купот, освоен со Брага во 2020 година.
Конкуренција на Лопез е актуелниот претседател на Бенфика, Руи Коста кој на функцијата дојде во 2021 година и имаше добри резултати, но последните две сезони клубот е во сенка на Спортинг и тоа не им се допаѓа на навивачите. Што се однесува до Аморим, тој не е непознато лице во Бенфика бидејќи девет сезони од својата играчка кариера, од 2008 до 2017 година помина во овој клуб.