Време е за разделба: Манчестер сити по осум сезони ќе избрка една од легендите

Португалскиот фудбалер Бернардо Силва, кој веќе осум години е важен член на Манчестер сити, наскоро ќе си замина затоа што управата нема намера да му го продолжи договорот.

Силва има соработка со „граѓаните“ до јуни 2025 година, по што ќе мора да си бара нов клуб за својата иднина.

Искусниот фудбалер ќе ја доживее судбината на Кевин Де Брујне, кој по долги години го напушти „Итихад“ ова лето и се пресели во Наполи.

Фото: Facebook/Manchester City