
Лудило во Торино: Јувентус предводен од Влаховиќ чудесно избегна пораз против Борусија! (ВИДЕО)
Првото полувреме од дуелот во Торино не понуди премногу, Јувентус имаше повеќе од играта, меѓутоа и не создаде премногу прилики, иако констатно се играше на половината на бундеслигашот.
Борусија се разбуди во вториот дел и поведе во 52. минута. Јувентус десет минути подоцна со еден еврогол на Јилдиз изедначи, но веќе во следниот напад Нмеча го врати водството на „милионерите“. За ново израмнување се погрижи Душан Влаховиќ кој се запиша во листата на стрелци во 67. минута.
Во продолжение Борусија продолжи да игра во исто темпо и преу Куото во 74. минута и Бенсебаини од пенал во 86. дојде до 2-4. Тогаш изгледаше дека Јувентус нема да има време да се врати, но „старата дама“ со луда завршница, прво уште еднаш погоди Влаховиќ, а потоа Кели во последните моменти го постави коенчниот резултат. Српскиот напаѓач беше вистински херој бидејќи додаде и една асистенција.
Екипата на Марсеј беше блиску да приреди изненадување во Мадрид и да остане непоразен против Реал, но на крајот Французите беа поразени со 2-1.
Доминирааше Реал уште од првата минута, тоа го покажуваат и десетте одбрани на аргентинскиот голман Херонимо Рули кој така стана голман со најмногу одбрани во едно полувреме од Лигата на шампионите. Марсеј и прв дојде до водство кога по една грешка на Хујсен, Веа погоди, Мбапе во 26. минута израмни од пенал.
Со по еден гол на двете страни се замина и на полувремето. „Кралевите“ во вториот дел останаа и со играч помалку по исклучувањето на Карвахал. Сепак, за три бода на гигантот од Мадрид се погрижи Мбапе кој уште еднаш беше прецизен од белата точка во 81. минута.
Изненадување успеа да приреди Карабах кој со пресврт по негатива од 0-2 ја совлада Бенфика со 2-3, а Тотнем на свој терен го совлада Виљареал со 1-0, трагичар за домаќините беше голманот Луис Жуниор кој си постигна автогол.
Фото: Juventus FC/X