
Ашковски го направи тоа што не му успеа пред две години - потпиша за Раднички!
Во Србија, Ашковски беше дел од Напредак, Нови Пазар и Партизан, а „црно-белите“ ги напушти во 2016 година.
„Искусниот репрезентативец на Mакедонија претставува големо засилување за нашиот клуб. Зад себе има богата кариера во која играл и во Србија. Потекнува од школата на Партизан, а играше уште за Напредак и Нови Пазар. Одлично се снаоѓа на повеќе позиции, но најчесто игра како крило и лев бек“, соопштија од клубот.
Од клубот информираат и дека Ашковскски бил на чекор од потпис со Раднички и пред две години кога и тренирал тука, но трансферот не се реализирал поради административни проблеми.
„Со директорот Дејан Пропадало се договоривме за пет минути. Така беше и минатиот пат. Тогаш документите ме спречија да дојдам, но сега е сè како што треба. Куќата ми е блиску и драго ми е што ќе семејството ќе може да ме поддржува секој викенд. Ниш е убав град, Раднички голем клуб и затоа желбата да дојдам беше голема“, изјави Ашковски.
Покрај Србија, Ашковски во својата кариера беше дел од клубови во Турција, Холандија, Полска, Бугарија, Романија и Грција, а првите фубалски чекори ги направи во Вардар.