Комедија во ЛШ: Голманот на Виљареал си постигна бизарен автогол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотнем вечерва многу брзо по само четири минути стигнаа до водство против Виљареал, но најголеми „заслуги“ има чуварот на мрежата на шпанскиот состав.

Во првата посериозна прилика пред својот гол голманот Луис Жуниор ужасно лошо реагираше по едно нафрлување и си ја смести топката во мрежата за водство на премиерлигашот.