Голманот на Марсеј ги излудуваше ѕвездите на Реал и испиша историја

Вечерва Реал Мадрид игра против Марсеј во Лигата на шампионите, а полувреме за историја имаше голманот на францускиот гигант.

Доминираа избраиците на Алонсо, иако единствениот гол во првите 45 минути го постигнаа од пенал имаа повеќе прилики. Најзаслужен што Марсеј не доживеа и дебакл во првиот дел беше голманот Херонимо Рули.

Имено, овој чувар на мрежата собра дури десет одбрани за само едно полувреме и тоа е повеќе од било кој друг голман некогаш во историјата од најелитното европско натпреварување.

Фото: Olympique de Marseille