
Резервистите на Арсенал го „нокаутираа“ Атлетик Билбао (ВИДЕО)
Арсенал одигра лошо прво полувреме, во кое Атлетик повеќе се закануваше кон голот на гостите од Лондон, меѓутоа резултатот не се промени до паузата.
Виктор Ѓокереш целосно разочара на теренот, па тренерот Микел Артета реши да го замени со Леандро Тросар и тоа се покажа како полн погодок.
Тросар му асистираше на Габриел Мартинели во 72. минута за водство од 1-0, а потоа Бразилецот му ја врати услугата на колегата во 87. минута за триумф од 2-0.
На вториот меч, кој се играше од 18.45 часот, Ројал Унион направи вистинско изненадување против ПСВ и славеше со 3-1.
Давид Промис од пенал погоди во деветтата минута за водство од 1-0 на гостите, а потоа Аит Ел Хаџ зголеми на 2-0.
Мекалистер во завршницата од дуелот стрелаше за 3-0 на Ројал Унион, додека Ван Бомел на истекот на регуларните 90 минути погоди за 1-3.
Фото: Facebook/Arsenal