Болт за животот во пензија: Останувам без здив додека се качувам по скали

Најбрзиот човек во историјата, Јусеин Болт даде интересна изјава за време на Светското првенство во Токио, откако веќе со години е во пензија.

Болт во 2008 година на Олимписките игри во Пекинг го урна светскиот рекорд со време од 9,58 секунди, но по завршувањето на кариерата се соочи со здравствени проблеми, меѓутоа и со повреда на Ахиловата тетива.

„Вежбам во теретана, иако не сум љубител на тоа. Не сум во добра форма, зашто кога се качувам по скали, останувам без здив. Морам да се вратам во форма“, кажа Болт.