Фудбалерите на Башкими ја запреа совршената победничка серија на Силекс (2-1), додека Македонија Ѓорче Петров беше подобра од Брера Струмица со 2-0 за втор триумф во Првата македонска фудбалска лига.

Силекс беше непријатно изненаден во првото полувреме од Башкими, откако екипата од Куманово стрелаше преку Аворнио за водство од 1-0.

На почетокот на вториот дел Алексовски ја затресе мрежата на кратовчани и ја зголеми предноста на Башкими (2-0), а набрзо беше доделен и црвен картон за Зука од домашниот тим.

Гостинскиот состав тоа веднаш го искористи и преку Мигуел Пиреш намали на 1-2, меѓутоа тимот од Кратово немаше сила и за втор погодок.

Македонија ЃП триумфира со 2-0 против Брера Струмица, откако постигна по еден гол во двете полувремиња.

Резултатот го отвори искусниот Симеон Христов, кој во 17. минута ја затресе мрежата на Брера Струмица, додека Мартин Талаков во вториот дел успеа да стрела за конечни 2-0.

Standings provided by Sofascore